Брендот за брза храна KFC лансираше нова кампања за францускиот пазар во која ја истакнува крцкавоста на своето препознатливо пилешко и неговата повеќедецениска историја.
Централниот спот на кампањата го прикажува Полковникот Сандерс, основачот на KFC, како енергетично и со стил, доцна во ноќта, подготвува поховано пилешко во својот дом во срцето на Кентаки, далечната 1952 година.
Штом крцкавото пилешки е подготвено, тој зема еден залак чие крцкање се слуша низе целата куќа и надалеку, изненадувајќи ја неговата сопруга. Полковникот тогаш ја зема кофичката со поховано пилешко и ја поддава низ прозорецот, како да се работи за драјв-тру, а оттаму го чека автомобил со двајца млади во 2021 година кои го подигнуваат вкусниот оброк.
Ова е прва кампања за брендот создадена од страна на креативната агенција Havas Paris, која почна да го опслужува брендот од ноември минатата година. Покрај спотот, кампањата ќе вклучува и постери, филмови за специфични производи, како и активности на социјалните медиуми. Се очекува дека поврзувањето помеѓу минатото и иднината ќе продолжи да биде честа тема во огласувачките активности на францускиот KFC во текот на целата година.
За целите на кампањата е создадена и оригинална песна, соодветно насловена “Crispy” („Крцкаво“), која е продуцирана од страна на HRCLS, интегрираната продукциска куќа на Havas Paris.