Големите брендови кои без исклучок се присутни на речиси сите социјални мрежи го користат Твитер за да се дружат со фановите и “следачите“ со години….но кога веќе знаеме дека повеќето од нив таму не се огласуваат (зборуваме за платено огласување), тогаш се поставува прашањето кои се причините поради кои компаниите го користат овој сервис?
Ако веруваме на неодамнешното истражување на Универзитетот за социјални медиуми од САД кои испитале над 1000 маркетинг професионалци на оваа тема, резултатите велат дека брендовите најчесто го користат Твитер за да ја зголемат свесноста за брендот.
Можеби по малку неочекувано, генерирањето на продажба преку Твитер, не е во топ приоритетите на маркетерите.
Следниов графикон, обработен од Statista и првично објавен на Mashable, ги прикажува седумте најважни причини зошто брендовите го користат Твитер !