Компанијата Фејсбук соопшти дека нејзината апликација Инстаграм ќе бара податоци за возраста од сите нови корисници, со цел да понуди нови мерки за безбедност за младите корисници
Досега, освен во ограничени околности, Инстаграм од своите милијарда корисници бараше да се изјаснат дали имаат најмалку 13 години.
Инстаграм објави дека огласувачите не стојат зад ова ново барање, пренесува Ројтерс.
Промената на оваа политика би можела да спречи носење на скапи регулативи за безбедност на децата и приватноста на податоците, бидејќи законодавците и групите за безбедноста на семејствата во САД, Велика Британија и другите земји ја критикуваат оваа мрежа поради изложување на децата кон непристоен материјал.
Како што е наведено, овие податоци нема да бидат видливи за другите корисници.
Starting today, we’ll ask for your birthdate when creating an account, and in the coming weeks, we’ll give you more control over who can message you.
This will help us keep young people safer and enable more age-appropriate experiences. Learn more: https://t.co/j7HuSB9Mng pic.twitter.com/8k1cejWal5
— Instagram (@instagram) December 4, 2019
Покрај тоа, Инстаграм во наредните недели ќе воведе опција за корисниците да ги блокираат пораките од луѓет кои не ги следат.
Инстаграм ја надмина главната апликација Фејсбук меѓу тинејџерите и младите во популарност, обезбедувајќи и на компанијата главен прилив на приходи. Исто така, Инстаграм нема да ги проверува податоциите за возраста, но се очекува дека повеќето ќе бидат искрени во врска со датумот на раѓање.
Некои групи и организации за заштита на децата се скептични колку таквиот чекор навистина ќе ги заштити младите од непристојна содржина, додека истовремено тоа задира и во нивните лични податоци.
Корисниците кои ги споиле своите профили на Инстаграм и Фејсбук, каде што е потребен датум на раѓање, веќе ги доставиле овие податоци.