Британскиот бренд за чоколади Cadbury сакаше да ги прослави сите мали добрини кои се случуваат секој ден во услови на карантин. Резултатот на тоа е новиот спот “This Doesn’t Need to End” создаден од страна на комуникациската агенција VCCP и продукцијата Clouded Vision.
Краткиот 90-секунден филм ги нагласува дарежливите дела кои ги гледаме во нашите заедници, поттикнувајќи нé да го продолжиме тој однос и по завршувањето на карантинот. Снимките од кои е изработен спотот се лични дела на кинематографите од мрежата на Clouded Vision, споделувајќи вистински моменти од своите домови.
Покрај спотот, кампањата вклучува и активности на социјалните мрежи.