Група експерти, кои порано работеле за Гугл и Фејсбук, формираа експертска група наречена Центар за хумани технологии, чија цел е борба против негативните ефекти од користење на технологијата и интернет сервисите, како што се социјалните мрежи.
Експертската група на загрижени експерти за технологијата, формираше партнерство со непрофитната организација за следење на медиумите Common Sense Media и заедно планираат да започнат кампања во 55 илјади државни училишта во САД и активности со цел да предупредат за зависноста од интернет технологиите и социјалните мрежи.
Кампањата е наречена “Вистината за технологијата” и ќе ги учи родителите, наставниците и децата за можните ефекти на прекумерната употреба на технологијата, како што е депресијата предизвикана од постојано користење на социјалните мрежи.
Студиите покажаа дека социјалните мрежи можат негативно да влијаат на менталното здравје на младите, додека производите на Facebook и YouTube насочени кон децата, привлекоа негативни критики на родителите групи и експерти за ментално здравје на децата.