Кампањата го промовира најновото партнерство на брендот со уште една криптовалута, PumaPay
Pornhub објави дека ќе ја додаде PumaPay криптовалутата како најнов метод за плаќање на оваа платформа за возрасни, која се додава на веќе долгата листа на криптовалути, вклучувајќи ги и Verge, ZenCash и Tron. Но, обичните соопштенија не се доволни за оваа платформа, па за промоција на новото партнерство отидоа “надвор од овај свет“ и вклучија конкретна закана од вонземјани.
Новата забавна sci-fi реклама е креирана од агенцијата Officer & Gentleman, која веќе долго време работи со овај бренд, давајќи им препознатлив и духовит имиџ. Рекламата е дел од кампањата Cryptrilogy, серија кратки научни фантастични приказни дизајнирани да го промовираат партнерство помеѓу Pornhub и криптовалутите со кои соработува брендот.
Проверете што се случува кога вонземјаните ќе ги објават своите барања, со закана од целосно уништување на земјата.