Изворната реклама е емитувана за Божиќ 1996 година, а продолженитето следува дури после 21 година
Брендот за бонбони M&M направи продолжение на својата поранешна Божиќна реклама, конечно одговарајќи на прашањето кое веројатно многу си го поставуваа: Што се случува со Божиќ доколку Дедо Мраз се онесвести?
Во изворната реклама на M&M од 1996 година, насловена како „Faint“(Несвестица), заштитните лица на брендот Црвени и Жолти, носат сад со црвени и зелени M&M бонбони за да може да се почести Дедо Мраз. Но, кога тие ќе се сретнат со Дедо Мраз лице в лице, изненадени од присуството и постоењето едни од други, Дедо Мраз и Црвени паѓаат во несвест.
„Ох, Дедо Мраз?“ вели Жолти на крајот од рекламата. Оваа реклама, која ја изработи BBDO, брендот ја користи од тогаш во своето празнично огласување, а завршницата останува неразјаснете до денес.
„Морам да го спасам Божиќ“ изјавува Жолти во новата реклама насловена „Faint 2: Very Yellow Sequel“, која се појави во облик на онлајн видео од 90 секунди.
Новата реклама ја осмисли и продуцираше агенцијата CLM BBDO од Франција, со поддршка на BBDO New York. Во продолжение погледнете ги изворната реклама и нејзиното продолжение.