Агенцијата Saatchi & Saatchi од New York ја објави новата кампања за Tide, со нов, по малку вознемирувачки но забавен пристап и слоган на брендот – “Ако мора да биде чисто, мора да биде Tide”.
Кампањата вклучува низа спотови со непријатни ситуации во кои многу од нас ќе се пронајдат – нешто како кога ваш цимер, кој секогаш ужасно се поти, ви предложи да му ја позајмите вашата маица.
https://www.youtube.com/watch?v=Rg1sRinL_Gc
Пораката на брендот е одлично пренесена додека гледате непријатни реакции на ликовите во спотовите, со кои лесно се поистоветувате. Сепак, хуморот е доволно суптилен за вас во главата да ви го всади онај “Уугх” момент, но без да пробуди потреба веднаш да се истуширате.
“Се договоривме дека ќе го прифатиме она што глумците природно имаат да го покажат” изјави извршниот креативен директор на агенцијата Saatchi & Saatchi Paul Bichler за Adweek. “Баравме детаљи кои секој од глумците ќе го направат единствен. Спотовите воглавно се исценирани, но правевме и мала импровизација така што ги пуштивме глумците да ги направат ликовите како свои”.
https://www.youtube.com/watch?v=OccW-0D5ENk
https://www.youtube.com/watch?v=I8bX-w8MIZM
https://www.youtube.com/watch?v=fCDgCgml22w