Една од поинтересните маркетинг стратегии годинава во август се вртеше околу чоколадото Милка. Во некои од европските земји Милка чоколадата беа произведувани без една коцка. Целта на оваа кампања е да се доведат потрошувачите да ја споделат «последната коцка» со нивните најблиски и да креираат емоција. Оваа кампања се нарекуваше «Последната коцка».
Агенцијата Buzzman била ангажирана од страна на Mondelez International (ex Kraft Foods) со цел да ја сработи оваа кампања и да ја пренесе пораката на Милка преку слоганот «осмелете се да бидете нежни». Агенцијата Buzzman им поставувала неколку прашања на потрошувачите кои се вртеле околу најомилената коцка во едно чоколадо. На пример: Која е вашата најомилена коцка од чоколадото и дали би ја споделиле со некој ? Сите одговори биле дека последната коцка е најбитна за нив и дека не би ја споделиле со никој. Оттука се родила и идејата да се отстрани една коцка од чоколадото Милка и таа коцка да се сподели со некој близок со цел да се креира емоција.
Па така 13 милиони на таблети (чоколада) биле произведени со цел да се реализира оваа кампања. Интересно е тоа што тежината на чоколадата била иста како онаа од предходно (како цело чоколадо). Дополнителна акција на сево ова било креирање на веб страна на која потрошувачите ќе можат да ја остават адресата на лицето на кое што тие сакаат да ми биде испратена коцката чоколадо. Комуникацијата за оваа Милка кампања се реализирала со advertising, youtube, facebook.
Ефектите од оваа стратегија се очекуваат на долг рок. Трошоците за оваа кампања, иако големи, не се искалкулирани ниту пак повратот на инвестицијата од Mondelez Interational.
Целта на оваа маркетинг кампања е да се зголеми лојалноста на потрошувачите и да се стекнат нови потрошувачи со креирање на емоција.
Подолу можеме да видиме слика од специјално креираниот веб сајт за оваа кампања на кој што се остава адресата на личноста која ни е најблиска и на која сакаме да и биде испратена коцката чоколадо.