Без оглед на начинот на кој размислуваме, постојат повеќе нешта во светот кои не поврзуваат отколку што не раздвојуваат. Можеби звучи недоволно убедувачки но, една од тие нешта е религијата. Кога ќе ги споредиме основните принципи на Исламот и Христијанството, можеме да забележиме колку само слични сме едни на други. ‘’One book’’ (‘’Една книга’’) сака да ни укаже на тоa. Таа сака да ги донесе поблиску двете религии со цел да се обезбеди мир и хамонија во светски рамки.
„One book for peace“ (Една книга за мирот) ги собира учењата од светите книги – Библијата и Куранот и покажува колку компаративно слични се пораките од двете религии. Преку прикажување на сличностите на двете религии, целта на книгата е да го поттикне интер-религискиот дијалог и дискусија помеѓу обичните луѓе.
Книгата презентира 10 стихови од Библијата и исто толку и од Куранот на основа на 10 универзални тематики кои се блиски за сите луѓе во светот: еден Господ, мир, љубов, семејство и соседи, живот, сочувство, прошка, помагање на другите и надеж.
Книгата е подготвена од искусниот новинар Мирнес Ковач, со помош на два теолози од двете религии Мухамед Фазловиќ (Ислам) и Павле Мијовиќ (Христијанство). Теолозите од двете религии избрале стихови и извадоци од светите книги кои сакаат да им ги прикажат на луѓето од другите религии.
Проектот ‘The One’ е креиран како здружен проект помеѓу New Moment и Y&R Dubai, за Интер-религинскиот Совет во Босна и Херцеговина, кој има мисија да ја зголеми свесноста и да ги намали предрасудите во интер-религискиот дијалог.
Книгата својата премиера ја доживеа на Al Jazeera каналот и ќе им биде испратена на највлијателните лидери во светот како: папата Францис, Доналд Трамп, Владимир Путин, Ангела Меркел и многу други светски лидери.
За да биде достапна до поголем број на луѓе ширум светот, книгата има своја онлајн и аудио верзија.
Симнете ја или прочитајте ја книгата на onebookforpeace.org,
Следете го Советот на Twitter @OneBookForPeace, или пак искористете во коментар #OneBookForPeace за да се изјасните околу своето мислење за книгата за мирот.