Американскиот бренд на пиво Bud Light ја претстави својата нова реклама која ќе се емитува за време на најголемиот спортски настан во САД, финалето на американската фудбалска лига познато како Супер боул (на 9 февруари).
Едноставната, но забавна реклама го илустрира организирањето на гласна маалска забава со скара и пиво во некоја, инаку тивка, приградска американска населба. Притоа, како покани на комшиите им се испраќаат т.е. „испукуваат“ лименки со пивото Bud Light.
Главните улоги во рекламата ги толкуваат поп-рап ѕвездата Пост Мелоун и стенд-ап комичарот Шејн Гилис, кој е воедно и амбасадор на брендот. Кон крајот на видеоспотот се појавува и легендарниот НФЛ-играч, Пејтон Менинг.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Anomaly New York.