Познатиот американски рапер Пост Малоун и алкохолниот бренд Jägermeister лансираа заедничка кампања за враќање на ноќниот живот насловена #SavetheNight, односно „Спасете ја ноќта“.
Целта на кампањата е да ги охрабри луѓето да се вратат кон ноќниот живот и да ги поддржат своите локални бизниси и заедници, како барови, ноќни клубови и ноќни штандови за брза храна, кои беа особено погодени од пандемијата на корона вирусот.
Во централниот спот на кампањата насловен „Ноќни светла“ (“Night Lights”), гледаме како Пост Малоун влегува во еден бар, спремен за забава. Меѓутоа, таму нема никој освен шанкерот кој само ги поткрева рамениците. Малоун потоа изглегува надвор, собира млади луѓе по улица и ги враќа во барот, при што шанкерот точи чашки Jägermeister за прослава на обновениот ноќен живот.
„Работевме напорно за да ги вратиме овие моменти. Еве здравица за да ги задржиме засекогаш“ – заклучува на крај гласот на Малоун.
Спотот е режиран од страна на американскиот режисер со номинација за Оскар, Захари Хајнцерлинг.