Од 5 до 7 ноември во Женева, Швајцарија, се одржа Четиринаесетата женевска часовничарска аукција (Geneva Watch Auction: XIV) во организација на аукциската куќа Phillips во соработка со Back & Russo.
За време на аукцијата биле продадени 248 часовници за вкупна цена од 68.2 милиони швајцарски франци, односно 74.5 милиони американски долари, што претставува скоро дуплирање на претходниот аукциски рекорд.
Најголема возбуда предизвика часовникот Grande & Petite Sonnerie од 1992 година, направен од страна на независниот производител Филип Дефур (Philippe Dufour), кој беше продаден за вртоглави 4.75 милиони швајцарски франци (5.21 милиони американски долари), воедно поставувајќи нов светски рекорд за најскап часовник од независен производител.
Всушност, се работи за првиот часовник направен од мунициозниот часовничар Филип Дефур, чија посветеност кон совршенството е легендарна во часовничарскиот свет. Имено, тој изделувал дури 2 години работа за креирањето на само еден часовник!
На аукцијата биле продадени вкупно четири часовници од Филип Дефур, кој задно постигнале цена од 11.4 милиони швајцарски франци (12.5 милиони американски долари).
Големо внимение предизвика и продажбата на еден Omega Speedmaster од 1957 година, наречен “Broad Arrow“. Часовникот беше продаден за 3.1 милиони швајцарски франци (3.4 милиони американски долари).