Уметниците Роналд Рел, професор по архитектура од Универзитетот во Калифорнија и Вирџинија Сан Фратело, професор по дизајн на Универзитетот од Сан Хозе, реализираа проект со поставување на метални нишалки, во розева боја на ѕидот, па децата, но и возрасните од двете страни на границата можат да си играат.
Овој проект го развиле уште во 2009 година, како концепт „Граничен ѕид како архитектура“ кој користи „хумор и инвентивност за да се посочи бескорисноста на градење бариери“.
Десет години подоцна нивниот концепт станал реалност.
„Овој ѕид стана столб на односите меѓу САД и Мексико, и децата и возрасните кои се поврзани на двете страни покажуваат дека активностите кои се случуваат на едната страна имаат директни последици на другата страна“, напиша професорот Раел во објава на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/B0fY2R6hfKr/?utm_source=ig_embed

















