„Поддршката на претприемачите и малите бизниси во заедниците ширум светот е централната точка на нашата мисија“ – посочува платформата за е-трговија eBay во однос на лансирањето на новата кампања “There’s a small business for that” („Постои мал бизнис за тоа“).
Се работи за телевизиска кампања наменета за британскиот пазар во која гледаме една девојка која динамично објаснува што сé може да се најде на eBay, во контекст на променливите позадински сцени во кои различни луѓе вршат различни активности – од градежништво, до готвење.
„eBay е огромна и прекрасно разновидна заедница од над 300.000 мали бизниси, a ние сакаме да го прославиме тоа. Од растенија во саксии, до канцелариски столици, од мајсторски алатки, до опрема за готвење – секој ден им олеснуваме на купувачите да ги поддржуваат малите бизниси преку шопинг на eBay“ – се посочува во соопштението на брендот по повод новата кампања.
Од eBay најавуваат и дополнителни продолженија на кампањата во претстојните седмиците, со една заедничка тематска нишка – поддршка на малите бизниси.
Кампањата се реализира со помош на агенцијата McCann London.