Организаторите на меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum со задоволство го најавуваат гостувањето на Кејти Стерлинг, директорка за советување на клиентите во WARC.
Како дел од глобалниот авторитет за пазарна ефективност WARC, кариерата на Кејти се протега од енергичните пазари на Азија до раздвижениот бизнис центар на Лондон, каде што го основала советодавното тело WARC Advisory во 2019 година.
Во осумте години како дел од тимот на WARC, а особено откако е на чело на WARC Advisory, таа соработувала со повеќе големи клиенти за да им помогне во развојот на приспособени стратегии, базирани на истражувања и податоци, со цел надминување на нивните најтешките маркетинг предизвици.
На сцената на Golden Drum, Кејти ќе говори на тема “The Case for Committing to Creativity” („Во прилог на посветувањето на креативноста“). Во оваа сесија, Кејти Стерлинг ќе ги изложи своите аргументи и ставови во прилог на доследноста и истрајноста во потрагата и имплементирањето на креативните решенија.
Неретко добрите идеи се напуштаат, иако постои можност да се остане стабилен во стратегијата, но сепак да се примени свежина во изведбата на идеите. Во оваа сесија Кејти ќе се фокусира на брендови кои постигнале успех преку посветеност кон основната креативна идеја, потпирајќи се притоа на најдобрите студии на случај од датабазата на WARC Rankings.
Меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum ќе се одржи на 9 и 10 октомври во Порторож, Словенија. За повеќе информации за програмата и начинот на учество, постете ја официјалната веб-страница на следниот ЛИНК.