Со почетокот на новата година, пивскиот бренд Heineken лансираше нова кампања насловена „0.0 Reasons Needed“ („Потребни се 0.0 причини“) со цел да испрати јасна порака: ако некој се откаже од алкохолот, не е важно зошто – тоа е личен избор.
Иако општествените притисоци околу умереноста сè уште постојат, Heineken се надева дека ќе ја уништи стигмата поврзана со одлуката на луѓето да не пијат алкохол, бранејќи го нивното право на избор. Преку новата кампања, брендот има за цел да им даде поддршка на оние кои едноставно сакаат да уживаат во безалкохолното Heineken 0.0 поради неговиот одличен вкус, осигурувајќи дека секој има можност да ја прифати умереноста – ако тоа го сака.
Кампањата се состои од серија на кратки видеа кои се потсмеваат со стереотипите поврзани со изборот да не се пие алкохол, како што е претпоставката дека некој мора да биде возачот на друштвото или дека одеднаш се посветил на здравите навики од некаква мода. Без оглед на тоа што луѓето би можеле да претпостават кога ќе ве видат како уживате во Heineken 0.0, нема посебна причина зад тоа – само одличниот вкус.
На камапњата ѝ претходело истражување со дури 11.842 возрасни испитаници на пет развиени пазари за безалкохолно пиво (Велика Британија, САД, Шпанија, Јапонија и Бразил), која покажала дека припадниците на Генерацијата Z (на возраст од 18 до 26 години) се соочуваат со најголеми социјални притисоци околу консумирањето алкохол, и тоа особено мажите.
Од друга страна, студијата исто така покажа дека умереноста и консумирањето на безалкохолно пиво сепак стануваат поприфатливи и дел од новото нормално. Една петтина од испитаниците се изјасниле дека балансираат помеѓу алкохолни и безалкохолни пијалоци при нивните вечерни друштвени собири со пријателите или семејството. Многу луѓе се чувствуваат сигурни во нивниот умерен начин на живот – без оглед на тоа што другите би можеле да мислат за нив – и многу луѓе им се восхитуваат на оние кои се трезвени или избираат да пијат умерено.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција LePub.