Најдобрите проекти на BalCannes ќе бидат избрани од претставници на огласувачите, агенциите и медиумите од целиот регион – а жирито од медиумите оваа година е составено од четворица стручњаци од регионот.
Најдобрите резултати на пазарот се постигнуваат со сингерија на три перспективи – клиенти, агенции и медиуми, а BalCannes е единственото натпреварување каде што од прва рака можете да сознаете како за вашите проекти размислува секоја од трите жири комисии. За изборот на најдобрите уште еднаш ќе се погрижат истакнати претставници кои по овој повод оваа година ќе одлучуваат онлајн . Жирито повторно е поделено во три групи, а ова се претставниците на жирито од медиуми.
Во име на медиумите кои активно ја следат индустријата, најдобрите од пријавените проекти од регионот, ќе ги изберат: Борис Ефтимовски, Маркетинг365 (Македонија); Ивана Парчетиќ Митиќ, Маркетинг мрежа (Србија); Марјан Новак, Маркетинг магазин (Словенија) и Сандра Бабиќ, Лидер Медиа (Хрватска).
Покрај тоа што жирито ќе има задача да го избере најдобриот проект во категоријата New normal – извонредна награда во извонредни околности, оваа година важна новина BalCannes е тоа што сите проекти можат да се пријават бесплатно – со партиципација за само 25-те избрани најквалитетни регионални проекти.
Проектите можат да се пријават уште кратко време – до 4 септември 2020 година, затоа пополнете го едноставниот образец за апликација и не пропуштајте ја можноста да ги крунисате вашите лавовски проекти со лавовски статуи.