Британските принцеви Вилијам и Хари со нивните сопруги, војвотките Кејт Мидлтон и Меган Маркл, снимија реклама за веб сајтот Every Mind Matters, со која ја продолжуваат кампањата за важноста на менталното здравје.
Во рекламата се менуваат лица со потешкотии со менталното здравје, а главни наратори се токму принцевите и нивните сопруги кои им сугерираат на сите кои чувствуваат симптоми на депресија и анксиозност, да ја посетат токму оваа веб страница и да побараат помош.
На овој сајт има прашалник, кој луѓето можат да го поплнат, а потоа тие добиваат онлајн план за тоа како да се соочат со овие проблеми, како што се депресијата, стресот, анксиозноста и други останати ментални потешкотии.
Во прилог погледнете го видеото: