Како што сите продолжуваме да се прилагодуваме на работењето од дома и на далечина, платформата Microsoft Teams воведе неколку нови алатки и функции со цел да им помогне на луѓето да останат поврзани и да работаат заедно со подинамични и попродуктивни онлајн состаноци и конференци.
Со цел да се промовираат новите алатки и функции на MS Teams и да се илустрира како тие го поттикнуваат работниот дух, Microsoft во соработка со агенцијата McCann New York ја лансираше кампањата “More Ways to be a Team” („Повеќе начини да се биде тим“).
Кампањата користи ефективни визуелни метафори за да искомуницира како платформата MS Teams им овозможува на организациите да продолжат да работаат заедно на нови начини, внесувајќи го духот на личните конекции и непосредност кои луѓето ги искусуваат кога работаат во ист физички простор. Со помош на симболички слики како суперхерои, уметници и астронаути, Microsoft истражува што значи да се биде заедно и да се соработува на истото место.
Кампањата применува снимки во живо, тродимензионална анимација и дводимензионални илустрации, со цел да ја презентира секоја од новите алатки и функции кои им нудат на колегите повеќе начини за да бидат тим.