Брендот за спортска опрема Nike неодамна ја лансираше својата нова колекција на зимска облека за кинескиот пазар, по кој повод ја објави и рекламата насловена “More Than Warmth” („Повеќе од топлина“).
Едноминутниот видеоспот прикажува посветен тим на ексцентрични научници во екстремно студен свет, кои што се опседнати со топлината. Тие спроведуваат тестови врз зимската колекција на Nike, која што, сосем очекувано, го поминува секој научен тест со исклучителна успешност. Секоја сцена била инспирирана од вистинско обележје или функција на јакните на Nike.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Wieden+Kennedy Shanghai и продукциската куќа Hamlet, под режисерската палка на Хенри Шолфилд.
„За вистински да ги тестираме најтоплите производи, моравме да создадеме цел свет на студ, а во него иноватори кои се опседнати со топлина. Осмилсувањето на тестовите и градењето на овој свет беше забавен и креативен процес“ – објаснува Жонг Хау, креативен директор во агенцијата Wieden+Kennedy Shanghai.