Јутјуб има комплицирана задача кога е во прашање решавање на проблемот со рекламите кои се појавуваат на екстремистичка содржина која промовира омраза и насилство, па затоа е потребно да се најде решение што би ги одвоило екстремистите од оние чија единствена вина е прикажување на насилни секвенци од видео игри.
Јасно е дека екстремните гејминг сцени не се исти како тероризмот, па YouTube се обидува да им обезбеди реклами на оние креатори кои се „на работ“, но не влијаат на разгорување на омразата. На тој начин, се обидува да ги поврзе со овие креатори оние огласувачи на кои не им пречи нивните реклами да се појавуваат на видеа што не се целосно „коректни“.
Главниот извршен директор Сузан Војчицки испрати писмо до креаторите на ЈуТјуб, во кое се истакнува дека платформата бара огласувачи кои ќе се рекламираат покрај со содржина со „жолта икона“, која укажува дека одредена содржина не е соодветна за сите огласувачи. Во текот на првиот месец, проектот донесе стотици илјади долари од маркетинг преку вакви видео содржини, што значи дека и во оваа област има простор за стекнување профит.
Промената може да има особено позитивен ефект врз креаторите на гејминг содржини, чии видеа честопати се означуваат со жолта боја, бидејќи тие прикажуваат насилство во видео игрите. YouTube сака да направи разлика помеѓу вистинското и гејмерското насилство, што треба да донесе уште поголема слобода, но и добивка за креаторите на содржини од овој вид.