Истражувањето на организацијата YouGov покажа дека голем дел од оваа важна демографска група не може де се поистовети со рекламите кои ги таргетираат
Најновото истражување кое го спроведе YouGov со повеќе од 1000 луѓе во Обединетото Кралство, покажа дека 68% од луѓето постари од 50 години сметаат дека не се коректно претставени во рекламите и медиумите.
Иако големите брендови настојуваат да и` се приближат на оваа публика, како на пример L’Oreal со нивната кампања „Gold, not Old“ со Хелен Мирен, најновите податоци покажуваат дека само 24% од оваа демографска група веруваат дека брендовите ги претставуваат соодветно.
18% од испитаниците рекле дека рекламите за козметички производи најлошо ги претставуваат старите луѓе, додека 14% сметаат дека модната индустрија е најнепрецизна кога станува збор за претставувањето на оваа возрасна група. Технолошките компании се на третото место на најмалку инклузивни огласувачи, а со тоа се согласуваат исто така 14% од испитаниците.
Коментирајќи го овај тренд, генералниот директор на L’Oréal Париз за Велика Британија, Adrien Koskas, изјави дека сите истражувања кои ги направи овај бренд упатуваат на тоа дека жените над 55 години старост се чувствуваат посебно заборавени или невидливи во огласувањето.
„Токму заради тоа веќе со години се трудиме да го промениме тоа во индустријата на убавината. Џејн Фонда, Сузан Сарандон и секако,нашата култна Хелен Мирен ја покажуваат предноста на L’Oréal да им помогне на жените постари од 55 години да се чувствуваат застапено и да имаат свое лице и глас во индустријата на огласувањето,“ изјави Koskas.
13% од лицата постари од 50 години веруваат дека здравствената индустрија најверојатно ги претставува на начин на кој можат да се поистоветуваат, додека 12% велат дека рекламите за финансиските производи обично ја прикажуваат нивната возрасна група на начин во кој можат да се препознаат.
Наодите на YouGov во извесна мера ги одразуваат напорите на брендовите кои традиционално се наклонети кон постарата демографска популација, како што се M&S и John Lewis, сега да се приближат кон помладата публика.
Кога станува збор за медиумите како што се ТВ, радио и онлајн, YouGov истражувањето покажа дека 79% од испитаниците не веруваат дека се точно прикажани. Повеќе од две третини (68%), рекле дека се чувствуваат неповрзани со денешната поп-култура.