Дали сакаш да креираш веб содржини што привлекуваат внимание, да совладаш техники за визуелизација и проверка на информации со вештачка интелигенција или да научиш да раскажуваш приказни преку видео? Пријави се на Мастер часовите за медиуми и новинарство што ги организираат Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС, во рамките на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.
Мастер часовите се наменети за млади луѓе од 19 до 34 години, вклучувајќи студенти, млади новинари и оние кои сакаат да се надградат со дигитални медиумски вештини. Тие претставуваат комбинација од предавања, дискусии, вежби и практична работа. Ќе бидат реализирани во текот на февруари во три дена, по што учесниците под менторство на искусни новинари треба да изработат медиумски производи во тимови. За учесниците кои ќе покажат особен интерес и проактивност, после обуката ќе биде овозможена платена едномесечна пракса во медиум.
Пријави се најдоцна до 31 јануари (петок) 2025 година, на ОВОЈ ЛИНК.
На мастер часовите ќе научиш:
- Како да ја зграпчиш публиката;
- Да пишуваш текстови според техниките на СЕО (Search Engine Optimization)кои ќе бидат препознатливи за интернет пребарувачите;
- Да визуелизираш податоци и проверуваш веродостојност на информациисо помош на алатки за вештачка интелигенција;
- Да раскажуваш преку видео и подготвуваш видео содржини за социјални медиуми;
- Да промовираш веб-содржина на социјалните медиуми.
Програмата е бесплатна, а за учесниците надвор од Скопје организаторот ќе ги покрие трошоците за сместување и превоз. По завршувањето на мастер часовите, учесниците се стекнуваат со сертификат.
Лице за контакт: м-р Дејан Андонов, програмски координатор, Институт за комуникациски студии – dandonov@iks.edu.mk; 071 317 661