Познатиот бренд на чипс Pringles, препознатлив по маскотата со големи мустаќи, објави нова хумористична реклама насловена “The Call of The Mustaches” („Повикот на мустаќите“) по повод претстојното финале на американската фудбалска лига Супер боул.
Во рекламата се појавуваат актерите Адам Броди и Ник Оферман, кошаркарот Џејмс Харден и легендарниот НФЛ тренер Енди Рид, кои заедно со Pringles ги водат фановите во прекрасно чудесен свет каде што еден едноставен повик ги предизвикува мустаќите да полетаат.
Откако Адам Броди останува без чипс, некој внатрешен глас го поттикнува да дувне во цилиндричното пакување на Pringles. Произведениот звук ги предизвикува мустаќите на бројни мустаклии низ светот да им се одлепат од лицето, а потоа како птици полетуваат кон небото и маркетот – сè со цел да донесат ново пакетче чипс.
Надреалниот и хумористичен спот е проследен со реинтерпретирана верзија на тематската музика на Бетмен, во која името на суперхеројот е заменето со зборот „мустаќи“.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција FCB New York.