Пораката полна со оптимизам „Животот е прекрасен со тебе“, која е носечка порака во најновата кампања на А1 Македонија, од вчера вечер е испишана и на Скопското Кале. Компанијата одлучи на своите сограѓани да им подари уметнички перформанс, несекојдневно доживување и уникатна глетка.
Визуелната проекција на Скопското Кале е дел од кампањата на А1 со која има за цел да внесе свежина и позитивен дух со порака за заедничко креирање нови дигитални светови, кои се неопходни за секој член на семејството и за секој деловен ентитет независно од неговата големина.
„Сите ние живееме многу брзо и затоа сакаме да потсетиме дека животот е прекрасен со луѓето што се околу нас и со сè она што нè опкружува, а ние сме тука токму за тоа – да им овозможиме на сите наши корисници да ги споделат и да ги слават своите најважни моменти. Затоа велиме, ајде сите заедно да ги поместиме границите и да направиме живот прекрасен за сите“ – изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.
„Животот е прекрасен со тебе“ е извадок од мегапопуларниот музички хит „Сакај ме“ на македонската поп-дива Каролина Гочева.