Толеранцијата, почитта и различноста отсекогаш биле едни од основните вредности на Кока Кола. Во Германија, компанијата ја потпиша „Повелбата за разновидност“ и членка е на „Сојузот против хомофобија“.
Ова лето, Кока-Кола ги прославува овие вредности на различност и толеранција со посебна кампања. По повод Парадите на гордоста во Келн, Хамбург и Берлин, Кока Кола произведе ограничено издание „Love Can“, оригинален вкус на Кока Кола во 0,33 л. Со оваа кампања за време на парадите на гордоста, компанијата за пијалаци шири позитивни пораки кои ја покажуваат моќта на љубовта.
Како дел од кампањата, Кока Кола го промени своето светски познато лого: на специјалното издание, зборовите Coca Cola ќе бидат заменети со зборот Љубов. Лименките се ограничени на 100.000 парчиња и не се комерцијално достапни. Тие ќе им бидат споделени на Парадата на гордоста на партнерите и соработниците на брендот.
Со оваа кампањата, Кока Кола се залага за еднаквост, слобода, толеранција и почит, за свет на отвореност и интеграција. Кока Кола се потпира на пораката за љубов и заедница, која секогаш мора да биде одговор на целиот песимизам, дискриминаторски тенденции и омраза.