Како што добро знаете на 28-ми и 29-ти Ноември годинава во Порторож, Словенија, по 15 пат ќе се оддржи SEMPL (Seminar on Media Trends) конференцијата, која годинава има Џејмс Бондовски слоган кој гласи “Lead or Let Die“, на која бројни агенции од регионов ќе се натпреваруваат во 6 категории.
Во меѓувреме, организаторите од Media Pool ја објавија и целосната агенда за настанот.
Свое место меѓу предавачите има и Сашо Пешев, извршниот директор и ко-сопственик на New Media, кој ќе зборува за кампањата “10 meters apart“ со која годинава освоија еден куп награди по многу фестивали, меѓу кои и Титаниум лавот од Кан, а и за различните “out-of-the-box” пристапи за креативно размислување, медиа планирањето и медиа закуп.
Како што може да се забележи од агендата, најавено е дека ќе бидат дискутирани широк дијапазон на теми почнувајќи од Social Media, Crowdsourcing па се до Neuromarketing, па убедени сме дека овој настан ќе биде вистинско освежување што се однесува до темите.
Од Македонија досега немало учесници на SEMPL па редно време е и некоја наша агенција да го прифати предизвикот и да се пријави со дел од своите дигитални проекти :)