Добро познати американски компании кои ќе се рекламираат за време на претстојниот 52-ти Супербол во Мајами, бргу работат на исправање на сцените и снимките од рекламите кои ги подготвиле по трагичната смрт на Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и седум други патници.
General Motors, Hard Rock International и Hyundai Genesis се меѓу компаниите кои размислуваат како да ги прилагодат рекламите пред најважниот спортски настан во Америка оваа година.
Така на пример, General Motors веќе објави четири тизери од своите реклами во кои како главна ѕвезда треба да се појави Леброн Џејмс. Производителот на автомобили планираше да објави комплетната реклама оваа недела, но се повлече по трагичното загинување на Брајант.
– Во чест на сите жртви на оваа трагедија, ќе се воздржиме од пласирање на реклами до денот на натпреварот – соопшти портпаролот на General Motors.
Слично е со Hard Rock, чија ѕвезда во рекламата за Супер боул е кошаркарската легенда Карим Абдул Џабар.
– Hard Rock е затечен од ненадејната вест за смртта на Коби Брајант и изразува најдлабоко сочувство до сите што се погодени од трагедијата. Поради ваквите вести, решивме да ги отстраниме сцените во кои се појавува Карим Абдул Џабар – велат од компанијата.
Патем, рекламата ја режираше Мајкл Беј, а се појавува и Џенифер Лопез, која ќе пее заедно со Шакира на познатиот концерт на полувремето на Супербоул.
Кога станува збор за Genesis, тие решија целосно да го отстранат хеликоптерот од нивната реклама.
– Во моментов ја монтираме реклама за да го извадиме хеликоптерот од сцените во неа – велат од компанијата.
Колку команиите ќе успеат на тој план, ќе дознаеме на 2 февруари кога Сан Франциско и Канзас Сити ќе си ги одмерат силите на 54 издание на Супебоул.