Фестивалот на најдобрите македонски настани БЕАМ ги сподели имињата на членовите на жири комисијата која ќе ги оценува пристигнатите апликации за второто издание на фестивалот.
Овогодишното жири на БЕАМ ќе биде составено од:
- Ана Зафирова – фриленс новинарка и Експертка по комуникации
- Анета Андонова – одговорен уредник на Прв Програмски серис, МРТ 1
- Борис Ефтимовски – основач на Маркетинг365
- Бранко Илиевски – спортски новинар
- Василка Салевска Трајкова – менаџер за екстерни прашања, Philip Morris International
- Вардан Тозија – филмски и ТВ режисер
- Дејан Пројковски – режисер
- Душан Марковиќ – корпоративен маркетинг и ПР Директор – Малиќи Груп
- Коста Петров – основач и Извршен директор, Пи Ворлд
- Кире Синадиновски – директор на Tag Timing / Скопски Маратон
- Лара Чашуле – директор за сервис на клиенти во Меккен Скопје
- Марта Наумовска Грнарова – генерален менаџер, Завар
- Милчо Александров – дизајнер на светло
- Мите Димовски – артист, композитор,музички продуцент
- Маја Наумовска Савеска – директор на корпоративни и маркетинг комуникации, Халкбанк
- Наташа Божиновска Миркова – извршен директор на Represent Communications за Македонија
- Огнен Јанески – ТВ лице, автор, модератор и меѓународен консултант
- Рисима Рисимкин – кореограф, уметнички директор на Танц Фест Скопје и Скопје танцов театар, декан на Филмска академија
- Тони Димков – новинар
- Татјана Лопарски – сопственик и извршен директор на Елемент ПР.
„Исто како и минатата година, нашиот приоритет е да овозможиме објективна, стручна и фер евалуација на пристигнатите апликации. При изборот на членовите на жирито се водевме од неколку основни принципи, а тоа се познавање или работа во индустријата, висока естетика и личен интегритет. Ги задржуваме јасните критериуми за оценување и правилата за работа на комисијата“ – велат од БЕАМ.
Повеќе критериумите и работата на жирито можете да најдете на следниот линк.
Бројот на пријавите за фестивалот се зголемува секојдневно, а комисијата ќе има одговорна, но и многу креативна задача!
Побрзајте и искоритете ја можноста за рана пријава до 5 февруари и пријавете го Вашиот настан на ОВОЈ ЛИНК.