Еurobest фестивалот на креативноста заврши овој петок со церемонија на која се прослави доделувањето на Eurobest наградите за 2016 година. 116 членови од цела Европа го сочинуваа жирито кое имаше за цел да избере помеѓу најдобрите на настанот кој се одржуваше три дена, каде во текот на вечерните часови од последниот ден се одржуваше и настанот за прогласувањето на добитниците на наградите.
Рим ги отвори своите врати за Европската креативна заедница на Eurobest 2016. Историскиот и инспиративен амбиент на Palazzo Barberini беше местото каде се одвиваше инспиративниот Фестивал со низа на говори, работилници, место каде се зборуваше за диверзитет, идентитет и иновација. Темата за оваа година, испирирана од градот домаќин беа сетилата и мултисензорното брендирање за кое се зборуваше во содржините на програмата.
Louise Benson, директор на Фестивалот eurobest, изјави:“Италија обезбеди богата позадина за eurobest оваа година, од историски локали во кои и самите бевме сместени до модерните перспективи на нашите Италијански говорници и членови на жирито. Околу 30 држави соработуваа во нашите програмски содржини, а присуствуваа и гости од секој крај од континентот. Им благодариме на Италија и на партнерите кои го направија овој фестивал толку посебен. Не можам да помислам на подобри времиња за Европската заедница која тука е денес во прослава на креативноста. ’’
Победници за 2016:
Creative Data: 7 награди меѓу кои: 2 злата, 2 сребра и 2 бронзи
Grand Prix-то им припадна на Nike on Demand креирано од Nike by R/GA London – UK
CREATIVE EFFECTIVENESS: 4 награди помеѓу кои 3 награди за креативна ефективност 3 Creative Effectiveness Awards
Grand Pri- то им припадна на Monty’s Christmas на John Lewis креирано од adam&eveDDB, London – UK
DIGITAL CRAFT: 14 награди помеѓу кои 2 злата, 4 сребра и 7 бронзи
Grand Pri- то и припадна на кампањата The Next Rembrandt за ING by J. Walter Thompson Amsterdam – The Netherlands
DESIGN: 27 добитници на 4 злата, 9 сребра и 13 бронзи
Grand Pri-то и припадна на #PAINTBACK for Legacy Store Berlin, кампања креирана од страна на агенцијата HEIMAT, Berlin – Germany
DIRECT: 34 награди од кои 4 злата, 12 сребра и 17 бронзи
Grand Pri-то и припадна на The Swedish Number за Swedish Tourist Association (Шведската туристичка агенција) креирано од INGO, Stockholm – Sweden
ENTERTAINMENT: 31 награда (5 злата, 14 сребра и 11 бронзи);
Grand Pri-то им припадна на Modern Essentials by Beckham креирана за брендот H&M од страна на агенцијата adam&eveDDB, London – UK
FILM: 34 награди , 8 злата, 10 сребра и 15 бронзи;
Grand Pri-то им припадна на Paralympics ‘We’re the Superhumans’ (Dir Dougal Wilson) за Channel 4 кампања креирана од страна на Blink Productions, London / 4creative, London – UK
FILM CRAFT: 38 награди (8 златни, 12 сребрени и 17 бронзени) ;
Со втора Grand Prix награда се закити кампањата Paralympics ‘We’re the Superhumans’ (Dir Dougal Wilson) за Channel 4 креирана од страна на Blink Productions, London / 4creative, London – UK
HEALTHCARE: 20 награди од кои 3 златни, 7 сребрени и 9 бронзени;
Grand Prix наградата и припадна на Dot. The First Braille Smartwatch за Dot Incorporation креирана од ServicePlan Munich / Dot Incorporation Seoul – Germany
INNOVATION: 4 награди од кои 3 беа награди за иновација;
Втора Grand Prix награда и беше доделена на кампањата Dot. The First Braille Smartwatch за Dot Incorporation креирана од страна на ServicePlan Munich / Dot Incorporation Seoul – Germany
INTEGRATED: 7 награди (1 злато, 1 сребро и 4 бронзи)
Grand Prix наградата ја освои The Man on the Moon креирана за John Lewis од страна на агенцијата adam&eveDDB, London – UK
INTERACTIVE: 31 награда ( 3 златни, 12 сребрени и 16 бронзени)
Во оваа категорија не беше доделена Grand Prix награда.
MEDIA: 41 награда вклучувајќи 6 злата, 15 сребра и 19 бронзи
Grand Prix наградата доделена и беше на Girl Emojis за Procter & Gamble креирана од агенцијата STARCOM, London / Leo Burnett Chicago – UK
MOBILE: 18 награди од кои 2 во злато, 7 сребро и 8 бронза
Втора Grand Prix награда и бешпе доделена на кампањата The Swedish Number креирана за Шведската Туристичка Асоцијација од страна на агенцијата INGO, Stockholm – Sweden
OUTDOOR: 35 награди помеѓу кои 7 злата, 10 сребра и 17 бронзи
Grand Prix наградата ја освои Survival Billboard креирана за Microsoft од страна на McCann London – UK
PROMO & ACTIVATION: 43 награди од кои 5 злата , 15 сребра и 22 бронзи
Трета Grand Prix награда освои кампањата The Swedish Number креирана за Шведската Туристичка Асоцијација креирана од страна на INGO, Stockholm – Sweden
PRINT & PUBLISHING: 21 награди од кои 4 злата, 7 сребра и 9 бронзи
Наградата Grand Prix ја освои кампањата Brad is Single за Norwegian Air креирана од агенцијата Try, Oslo – Norway
PRINT & OUTDOOR CRAFT: 12 награди беа доделени во оваа категорија од кои 1 злато, 3 сребра и 7 бронзи како и една Grand Prix награда на кампањата :
Breakdance / Parkour / Skateboard креирана за Pepsico Deutschland од страна на агенцијата BBDO Group Germany – Germany
PR: 49 награду од кои 6 злата, 16 сребра и 26 бронзи
Чевтрта Grand Prix награда освои кампањата The Swedish Number за The Swedish Tourist Organisation креирана од страна на агенцијата INGO, Stockholm – Sweden
RADIO: 14 награди беа доделени во оваа категорија од кои 2 злата, 3 сребра и 8 бронзи
Grand Prix наградата ја освои кампањата Sound of Glory креирана за Ford од страна на агенцијата Ogilvy Madrid – Spain
За време на церемонијата на доделувањето на наградите, Terry Savage, претседател на Канските Лавови ја презентираше и наградата адвертајзер на годината која ја освои брендот HEINEKEN како “вистински креативен лидер кој ја разбира моќта на креативноста со цел да го подобри својот бизнис’’. Наградата за HEINEKEN ја подигна Ian Wilson, помлад глобален директор за Дигитален и Маркетинг развој во HEINEKEN.
Други специјални награди за оваа година се следните:
Мрежа на годината:
- DDB Worldwide
- McCann Worldgroup
- BBDO Worldwide
Агенција на годината:
- INGO, Stockholm
- DDB Group Germany, Berlin
- adam&eveDDB, London
Независна Агенција на годината:
- Jung von Matt, Hamburg
- Serviceplan, Munich
- Grabarz & Partners, Hamburg
Медиумска Агенција на годината:
- Starcom, London
- PHD, London
- EMT/Dentsu Aegis, London
Златна палма:
- Sonny, UK
- O Positive, USA
- Blink, UK
Повеќе информации за наградените и самиот настан погледнете на www.eurobest.com.