Младите таленти на комуникациската индустрија го освоија жирито со својот проект “Добро и лошо“ и ја заслужија престижната награда на овогодинешното натпреварување Young Lions Croatia, чија цел и оваа година беше да ги истакне младите хрватски таленти и да ја покаже важноста на менталното здравје
Young Lions Croatia е натпревар за млади професионалци до 30 години, кој се организира во рамките на фестивалот Денови на комуникација и му додава вредност од хуманитарен карактер. Имено, овогодинешниот партнер Цедевита и организаторот, како натпреварувачката задача избраа смислување решение за една граѓанска организација на која победничките проекти ќе и` бидат отстапени бесплатно, а станува збор за здружението БолиМе кое го унапредува менталното здравје.
Дури 66 натпреварувачи во тимови дизајнираа решенија во пет натпреварувачки категории: Дизајн, Дигитал, ПР, Медиа и Принт. Гран При наградата ја освоија Марија Шимурина и Лука Мавретиќ (Imago Ogilvy) со проектот “Добро и лошо“, како победници во категоријата ПР, додека победата во категоријата “Дигитал“ ја поведоа Дуња Вербиќ и Рене Филиповиќ (Convergent Media Group). Според вкупните проценки на жирито, ова се и единствените победници во категориите на овогодинешното натпреварување.
Финалисти на овогодинешното натпреварување се следниве тимови: Матеј Вучковиќ и Миа Матијевиќ (Bruketa&Žinić&Grey) во категоријата „Принт“, Антеа Фрањиќ и Лорена Хрвој (Imago Ogilvy) во категоријата “ПР“. Во категоријата “Дигитал“, за финалето беа избрани два тима: Тин Хузек Китан и Кристина Козиќ (Real Grupa) и Сара Шалов и Иван Гргиќ (BBDO Загреб), додека во категоријата “Дизајн“, финалисти се Мартина Укиќ и Симон Флегар (Studio Sonda).
За најдобрите одлучуваше жири комисија составена од десет експерти од различни области на комуникациската индустрија: Вања Берталан (Human), Марина Боланча (Abeceda komunikacii), Нина Ишек Меѓугорац (Media Val), Тончи Клариќ (Spellcaster), Ѓуро Корач (Nivas), Маријана Новак (Pro Media Group), Шон Поропат (Studio Sonda), Јелена Слејд Шиловиќ (Cedevita), Даша Вукобратовиќ (OMG) и Јудита Гамулин (Здружение БолиМе), претставник на клиентот.
Сите материјали на кои натпреварувачите работеа вредно цели 24 часа се донирани на Здружението „БолиМе“, кое од 2014 година преку кампањи се обидува да го потенцира менталното здравје на младите, како клучна општествена тема која со својата присутност и свесност станува основа за личен и општествен просперитет.
„Не можеме да влијаеме на земјотресите и вирусите, но можеме да влијаеме на социјалната клима и на она на што се надеваме во следните години. Затоа веруваме дека Цедевита, како еден од најголемите брендови во регионот и како бренд што промовира оптимизам и заедништво, треба да застане зад ваквите проекти, особено оваа година, која е особено тешка за комуникациската индустрија. Темата што ја одбравме со организаторот – унапредување на менталното здравје, кое го дефинираме како квалитетно живеење и справување со сè што носи животот, станува неизбежно и поважно од кога било. Затоа сум исклучително среќна што сум сведок на реализацијата на оваа кампања потпишана од млади креативни лавови “, рече Јелена Слајд-Шиловиќ, маркетинг менаџер за развој на категоријата пијалоци во Атлантик група и член на жирито на натпреварувањето „Young Lions“ и додаде:
„Ваквите натпревари се одличен начин да се погледне „во иднината“ на креативната индустрија, да се каже колку сме силни и на што треба да работиме поточно, но и да откриеме млади таленти и луѓе во кои треба да се инвестира“.
Во оваа исклучителна година, особено беше нагласена важноста на комуникациската индустрија за општеството, така што организаторите ги пофалија сите 66 натпреварувачи кои ги здружија силите и покажаа колку креативноста може да влијае на животот. Здружението „БолиМе“ им се заблагодари на сите за учеството:
“Искрено ни е чест што HURA и Цедевита го препознаа и вреднуваа нашииот труд, им благодариме на сите учесници на натпреварот. Целиот процес на натпреварување, од пишување брифинзи, комуникација со натпреварувачите до жирирање, е комплетно ново искуство и ви благодариме што ја препознавте можноста. Свесни дека пронаоѓањето решенија за темата ментално здравје во нашето општество е на самиот почеток, ги поддржуваме и поздравуваме сите напори на поединци, институции и организации кои ја гледаат важноста, но и кревкоста при обработката на темата, со крајна цел да ја зајакнат заедницата “.
Покрај тестирањето на нивната сила и драгоценото искуство, победничкиот тим освои награда во вредност од 45.000,00 куни за посета на најголемиот фестивал за креативноста Cannes Lions.
Повеќе информации за натпреварот може да најдете на www.danikomunikacija.com.