За помалку од една недела, на 17 ноември во Tvornica Kulture во Загреб ќе се одржи доделувањето на најважната регионална награда за дигитални проекти. За прв пат, SoMo Borac поддржан од Httpool ќе се одржи во формат на целодневна конференција која ќе биде домаќин на најголемите дигитални и медиумски експерти од регионот и Европа. Годинава пристигнаа повеќе од 230 апликации за престижните награди на SoMo Borac во две категории – SoMo Advertising и SoMo Media, а жирито веќе ги избра проектите кои влегоа во потесниот круг за категориите SoMo Media и SoMo Advertising.
Процесот на жирирање се состои од два круга – во првиот круг жирито ги избра делата кои влегоа во потесниот избор на секоја категорија, а сега ќе следува вториот круг, кој подразбира избор на тројца победници по категорија кои ќе бидат објавени и наградени за време на свечената наградна церемонија во Загреб.
Покрај новото издание на конференцијата, овогодинешното доделување награди вклучува и нови категории во SoMo Advertising – Best Digital OOH и TikTok, додека пак SoMo Media, наградата што беше воведена за прв пат во 2022 година, забележа зголемување на пријавените проекти од над 25%. Миран Павиќ, претседател на жирито за SoMo Media и извршен директор на Telegram, даде осврт на искуството од изборот на проекти кои влегуваат во потесниот круг на натпреварот: „Во мојата секојдневна работа, добар дел од денот поминувам во табели, а анализата на финансиските и оперативните извештаи едноставно ме смирува. Но, вистинското задоволство во оваа работа го обезбедуваат одличните текстови и специјали, кампањи и производи, нови проекти. Затоа ми е особено драго што оваа година имам можност да бидам претседател на жирито на медискиот дел од наградите SoMo Borac, кои ќе бидат доделени на конференција организирана во партнерство со Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (HUDI). Навистина е фасцинантна количината на одлични проекти што имавме можност да ги прегледаме и оцениме во првиот круг, особено од медиските пазари што не ги следиме секојдневно. Медиумите на овие простори имаат безброј проблеми, но навистина се создаваат феноменални работи“.
Со оглед на рекордниот број на апликации, кој ја надмина бројката од 230 пристигнати проекти оваа година, жирито заврши исклучително напорна работа во првиот круг од изборот на кампањи. Маја Грбовиќ, претседател на жирито на SoMo Advertising и раководител на одделот за медиуми во Mercator-S, истакна дека изборот на „најдобрите од најдобрите“ е навистина предизвик со оглед на бројот на пријавени проекти, но и исклучително интересен бидејќи низ толку многу проекти таа сфати дека креативноста и иновативноста се навистина присутни во регионалниот дигитален свет и продолжува: „Беше инспиративно да се види како креативните умови од регионот го препознаваат потенцијалот на дигиталните медиуми и го користат на начини кои што нѐ изненадуваат и воодушевуваат. Сакам да истакнам дека SoMo Borac е доказ дека регионалните пазари и нашите идеи не заостануваат зад светските стандарди. Овој предизвикувачки пат на избор на проекти не беше само мој, туку резултат на посветената работа на целото жири. Нашиот избор на проекти од потесен круг ја одразува внимателната анализа и длабокиот напор вложен во овој процес. Со нетрпение очекувам да видам кои дела на крајот ќе добијат награди на овогодинешниот SoMo Borac“.
Угледни регионални и европски експерти на SoMo Borac ќе го споделат своето знаење со цел позиционирање и развој на професијата во регионот, а по размената на знаења и искуства ќе следи добро познатата најдобра забава во градот, која нема да разочара ни оваа година. Сите проекти кои влегоа во потесниот избор за овогодинешниот натпревар можете да ги разгледате ТУКА.
Сите новости во врска со SoMo Borac можете да ги следите преку нивниот newsletter, на официјалната веб-страница, или преку социјалните мрежи Facebook, Instagram и LinkedIn. Исто така не заборавајте да ги следите интересните соговорници на поткастот SoMoCast, кој што се реализира во соработка со стриминг платформата Voyo, а достапен е на следните канали: YouTube, Spotify, Deezer, Apple Podcasts и Google Podcasts.