Претседателката на Creative Standards International, Ненси Роуз ги прогласи побениците на 22-риот по ред Cresta International Advertising фестивал во 12 главни категории.
За Агенција на годината, втора година по ред, со годинава вкупно 7 освоени награди е прогласена агенцијата Forsman & Bodenfors од Готеборг, Шведска. Тие освоија дури четири Гранд При награди за соработката со Волво камионите (во категориите: Branded Entertainment, Crafts, Integrated Campaigns и TV/Cinema/Online film).
Останати Гранд При добитници се и : Hakuhodo од Токио во категоријата Ambient Media, Åkestam Holst, Stockholm во категоријата Outdoor и Heimat од Берлин во категоријата Promotions & Incentives за одличната кампања за Hornback чеканите.
Целата кампања можете да ја разгледате на следниов ЛИНК, а во продолжение погледнете како изгледаше ТВ рекламата
.
Мрежа на годината е Havas Worldwide со освоени 76 поени од десет агенции членки на мрежата.
Повеќе информации за сите награди можете да погледнете на следниов линк: http://www.cresta-awards.com/2014/