Во петокот вечерта се одржа завршната свечена церемонија на 22-то издание на престижниот Golden Drum адвертајзинг фестивал кој изминатата недела се одржуваше во Порторож, Словенија, и на која беа доделени признанијата за најдобрите проекти во Нова Европа од стручните членови во жири комисиите.
За жал, овој пат меѓу победниците немаше ниту еден проект од македонските маркетинг агенции а ниту оние од регионот не поминаа нешто подобро.
Сепак, македонската креативна сцена не остана без аплауз на главната сцена во Порторож благодарение на индивидуалната награда на младиот Нино Илиевски кој го освои првото место како победник на Пиран Порторож poster Award со своето креативно решение Salty & Soul Worthy. Второто место го освои повторно македонка, Андреа Костовска со проектот be the sea. never stop moving, а третото и припадна на романката Елена Гратиела Диеску.
Од регионот единствено белградската New Moment New Ideas се најде на подиумот меѓу големите победници, понесувајќи ја Grand Prix наградата за кампањата Button for Help.
Вкупно на фестивалот беа доделени 53 сребрени награди, 32 златни награди, 14 Гранд при награди и една Гранд при награда за општествена корист.
Агенциската мрежа Young & Rubicam со вкупно освоени 183 бода ја освои наградата Златна мрежа за Најдобра агенциска мрежа на годината.Со 93 поени агенцијата McCann//MRM Romania ја доби наградата Златна ружа за Најдобра агенција на годината, додека пак агенцијата GMP Advertising од Романија беше прогласена за Најдобра независна агенција.
За најдобар бренд на овогодинешниот Голден Драм е прогласен Vodafone.
Сите Гранд При победници можат да се погледнат на следниов ЛИНК.
Сите добитници на златна награда може да се погледнат на овој ЛИНК.
За крај да ги погледнеме креативните решенија на Нино и Андреа.