Доделени се вкупно 99 награди од рекодни 2,605 пријавени проекти во овогодинешните Pharma, Healht & Wellness Lions награди на Lions Health наградната церемонија.
Pharma Lions
Од 582 пријавени проекти, 52 освоија лавови а Гранд При наградата им припадна на членовите на тимот на Ogilvy & Mather London за проектот насловен “Breathless Choir“ работен за Филипс.
Health & Wellness Lions
Во категоријата Health & Wellness доделени беа 47 лавови, oд вкупно 2023 пријавени, а Гранд При наградата замина за лондонската FCB Inferno и нивниот „Project Literacy“ работен за Pearson.
Young Lions Health Award
Добитници се Eleanor Howe и Linа Benmansour од DigitasLBi, Франција за нивниот проект, „UNICEF Brain Food“.
Нивната идеја даде иновативен одговор на брифот, користејќи секојдневни предмети како стимулација за игра и овозможувајќи им на старателите креативни начини за интеракција со децата. Овај проект ќе биде користен како комуникација на UNICEF во склоп на проектите за развој во раното детство.
Special Awards
На крајот од наградната церемонија објавени беа и победниците на посебните награди:
Grand Prix for Good – Добитник беше кампањата „Manboobs“ од аргентинската агенција DAVID Buenos Aires, која е фокусирана на развојот на свеста за превенција од рак на дојката.
Healthcare Agency of the Year наградата припадна на Medulla Communications
Healthcare Network of the Year им припадна на членовите на тимот на McCann Health.