Во склоп на фестивалот на амбалажата FEST.A CROPAK 2015, кој изминатата недела се одржа во Загреб, беа доделени и наградите за најдобра амбалажа на хрватскиот (CROPAK 2015) и регионалниот (REGPAK 2015) пазар.
Доделувањето на наградите дванаесета година по ред го организираа компанијата Tectus d.o.o. , Институтот за амбалажа и печат – Tectus-IasT како и стручниот магазин Ambalaža/REGprint од Загреб.
Победници на овогодинешното издание на REGPAK 2015 за најдобра амбалажа на производ за регионалниот пазар се амбалажите: “Или или лампи“ на Grupa Studio од Хрватска дизајнирана од Marko Šesnić, Goran Turković и Andrea Sužnjević од Šesnić&Turković д.о.о. Хрватска и “WellBe наменски чоколади“ на Бамби а.д. Србија со дизајн на Mihaela Drakulović од Orange studio д.о.о. Србија
Доколку сакате да ги погледнете победниците по неколку категории за домашното, хрватското CROPAK 2015 натпреварување, следете го ОВОЈ ЛИНК.
Сите добитници на наградите CROPAK и REGPAK добиваат право за учество на меѓународното натпреварување за наградата WorldStar која повеќе од 50 години ја доделува Светската организација за амбалажа (WPO) чиј член е и Институтот за амбалажа и печат – Tectus-IasT од Загреб.
Меѓу вкупно пријавените 137 амбалажи од целиот регион се најдоа и две од Македонија.