Најдобрите пријавени проекти на BalCannes ќе бидат избрани од низа претставници на огласувачите и агенциите од целиот регион, а посебен увид ќе даде и медиумското жири. Во продолжение дознајте кои маркетиншки експерти оваа година ќе ја претставуваат перспективата на клиентите!
Без разлика дали сте етаблирана агенција или само што се пробивате на креативната сцена, BalCannes е натпревар каде што можете да им покажете и да им докажете на оние кои не ве познаваат зошто сте вредни. Покрај славењето на духот на овие простори и обединувањето на најдобрите агенции и огласувачи од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија, натпреварот BalCannes е најдобар доказ за неповторлива креативност и оригиналност што излегуваат од рамките, понекогаш со почит кон пазарните услови – и најчесто и независно од нив.
Доцниот пријавен рок трае до 30 ноември, и повеќе нема да биде продолжуван. Затоа, не пропуштајте ја можноста да аплицирате со одличните проекти на кои сте работеле во претходните две години! Искористете ги перспективите на жири-комисиите на агенциите, огласувачите и професионалните медиуми, докажете дека заслужувате да бидете во друштво на најдобрите и да освоите златни, сребрени и бронзени награди во спектарот категории на деловни активности.
Експерите од редовите на огласувачите кои ќе ги изберат најдобрите меѓу проектите од целиот регион се: Петра Чадеж (Atlantic Grupa, Словенија), Јелена Чаѓеновиќ (A1 Srbija, Србија), Урбан Крамбергер (Pivovarna Laško Union, Словенија), Наѓа Лутвикадиќ Фочо (BH Telecom, Босна и Херцеговина), Дијана Матиќ (Violeta, Босна и Херцеговина), Маја Наумовска Савеска (HALKBANK AD Skopje, Македонија), Бојана Ненадовиќ (Coca-Cola HBC, Србија), Алина Радушин (Wiener osiguranje Vienna Insurance Group, Хрватска) и Звонимир Секи (Franck, Хрватска).
Двегодишниот квалификациски период ќе опфати проекти реализирани од 20 август 2020 година до 20 ноември 2022 година. На натпреварот може да се пријават целовити интегрирани кампањи или поединечни индивидуални делови во рамки на кампањи кои претставуваат единствена идеја од агенции од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија.
Повеќе информации се достапни на официјалната веб-страница: www.danikomunikacija.com.