Моделот без предниот заб треба да ги претставува сите реални, природни жени.
Луѓето од целиот свет беа воодушевени кога ланецот на облека Примарк ги претстави своите нови модели на костими за капење со манекенка на која и недостасува преден заб.
На фотографијата се прикажани два модели, Симон Лу и плус-сајз моделот Луси Кнел, кои се замислени како претставници на сите реални жени.
Купувачите реагираа позитивно со коментари дека е убаво да се види некој кој нема вештачка холивудска насмевка со совршени бели заби на реклама.
Други беа воодушевени од плус сајз моделот Луси Кнел велејќи дека е одлично што повеќе вакви жени се гледаат во модниот свет.
“Оваа девојка е вистинска инспирација. Неодамна ставив протеза поради растојанието помеѓу забите. Таа изгледа убаво. Горда сум на неа и на Примарк “, напиша една корисничка на Твитер.
Една мајка напишала дека е добро што Примарк користи за модели вистински жени затоа што нејзините деца би помислиле дека треба да изгледаат на еден општоприфатен начин.