Пред некој ден следев една прес конференција на една институција.На поставеното прашање на еден од новинарите околу еден од тековните настани, лицето кое одговараше на прашањата (политичар) одговори со познатото “Немам коментар“. Ќе беше добро доколку ова беше само еден изолиран случај, но веќе после еден ден имав можност да видам како и еден наш истакнат бизнисмен го дава истиот одговор на едно друго незгодно прашање.
Сигурно и Вие сте забележале дека многу често нашите јавни личности, политичари, бизнисмени – “Немам коментар“ го користат многу, многу често како нивен одговор секогаш кога кон нив ќе им се упати некое малце понезгодно прашање…
Да… некои луѓе дури сметаат дека е извонредно мудро да се одговори со цврсто “Немам Коментар“ …..за жал !
Овој одговор е една почетничка ПР грешка, која во комуникацијата со медиумите мора да се избегнува. Овој отсечен одговор е непристоен, не многу мудар и тешко допридонесува во воспоставувањето на добри релации со новинарот или другите претставници на медиумите.
Исто така, овој одговор може да ја наведе “публиката“ дека Вие нешто криете.
Многу….многу.. е подобро ако на новинарот му се објасни ЗОШТО Вие не сте во можност да одговорите па да детално поразговарате за темата зошто (на пример) : “преговорите се наоѓаат во деликатна фаза“ , “уште се преговара за платата“ , “уште немате добиено целосен извештај“ , “роднините уште не се известени “. Било кој од одговорите од овој тип, му овозможуваат на новинарот некаков материјал кој тој може да го искористи, а Вие не сте откриле ништо значајно.
Се надевам дека во иднина нашите политичари и бизнисмени нема да го прават овој комуникациски пропуст и дека повеќе ќе се консултираат со луѓето задолжени за нивниот ПР настап околу начинот на одговарање на поставени прашања, па повеќе нема да слушаме дека “Немаат коментар“