Секторот односи со јавност бележи глобален раст од 7%. Toa е главниот индикатор од заклучокот на овогодинешниот Светски извештај за односите со јавноста . The Holmes Report и ICCO ги собираа податоците од преку 400 компании за односи со јавност од целиот свет и понудија најјасен приказ на состојбата во овај сектор. Податоците покажуваат дека јавните компании за односи со јавност во 2014 година забележале раст на приходите од 3,5% , а приватните компании дури од 8,7% , што јасно покажува дека независните агенции полека го превземаат приматот на пазарот. Исто така, треба да се напомене дека во секторот „тешки“ 13,5 милијарди американски долари во 2014 година, работеа 85.000 луѓе, што е 5.000 повеќе отколку во 2013 година.
Истражувањето донесува и интересни податоци кои се однесуваат на отварањето на нови можности и предизвици за ПР агенциите во целиот свет, а пред се, се однесуваат на проширување на спектарот на услуги на дигитални и социјални медиуми, кои на агенциите им донесува нова вредност и конкурентност на пазарот. Иако голем дел од клиентите и понатаму бара првенствено стандардни услуги, осносно присуство во традиционалните медиуми, се повеќе им се укажува доверба на ПР агенциите и за нестандардните услуги , како community management и дигитална поддршка.
Ситуацијата во самиот врв меѓу 5 те водечки светски ПР агенции, не се променила значајно во однос на 2013 година. Првото место и понатаму го држи Edelman, а следни се Weber Shandwick и Fleishman Hillard. Единствен исчекор оваа година направи Ketchum, кој го претекна MSL Group и сега се наоѓа на 4 место.
„Резултатите од овогодинешниот извештај навистина се охрабрувачки за сите во индустријата. Ние во Dialog не можеме да бидеме погорди што сме дел од Ketchum групата, која и оваа година своето место го најде меѓу петте најдобри во светот. Во досегашното работење секогаш внимателно ги следевме светските трендови, а до крајот на годината ќе преземеме и конкретни чекори за проширување на нашите дигитални услуги“, истакна Marina Čulić Fischer, директор на агенцијата Dialog комуникации, ексклузивен застапник на Ketchum во Хрватска.
Детални разултати од истражувањето можете да пронајдете на интернет страната: http://www.holmesreport.com/ranking-and-data/world-pr-report