Францускиот бренд за луксузна мода Louis Vuitton ја објави својата нова Божиќна реклама насловена “Holiday House” („Празнична куќа“).
Главна ѕвезда во рекламата е англиско-француската актерка Стејси Мартин, која открива магичен свет на луксуз и гламур преку багажот на Louis Vuitton. Актерката гради замок со куфери како да се лего-коцки, се „транспортира“ во зимски ресорт, игра со живи „кукли“ во внатрешноста на куфер, лета во облаци и танцува на диско забава.
Видеото е проследено со диско-песната “Young Hearts Run Free” од Candi Staton.
Рекламата е создадена со помош на креативните агенции The Directors Bureau од Лос Анџелес (преводена од Роман Копола) и La\Pac од Париз.