Додека скоро сите брендови лансираат реклами за претстојната божиќна сезона во кои се зборува за љубовта, радостите и сите останати позитивни емоции поврзани со празниците, пивскиот бренд Heineken се одлучи за нешто малку поразлично.
Повторно како тема го имаме собирањето на фамилијата, но овој пат без „ставање под тепих“ на нелагодностите и иритациите кои може да се доживеат при интеракцијата со вашите роднини – несогласувањата што да се гледа на телевизија, што да се јаде, како да се украсува, облекувањето на грди џемпери и разните традиции кои се чинат како одвишни. Многу веројатно е дека и оваа празнична сезона, како и останатите, ќе помине по вообичаено.
Меѓутоа, без разлика на сите тие мали аномалии во идеалната божиќна магија, сите на крај ќе имаме можност да седнеме на маса со нашите сакани и заеднички да уживаме во пивото на Хајнекен.
Празничната кампања на Хајнекен насловена “Holidays as usual” („Празници како по вообичаено“) беше создадена со помош на креативната агенција Publicis Italy и продукциската куќа Skipless.