Транзицијата во новата година може да биде задача зад која се крие голем предизвик за компаниите. Работејќи во индустрија каде технолошкиот напредок и одлуките на најголемите социјални мрежи го диктираат начинот на која работиме во исто време значи дека нештата кои функционирале до вчера нема да функционираат и утре. Со отпочнувањето на новата година, започнува и планирањето на следните активности и стратегии, но како да се планира успехот во индустрија чии настани е тешко да се предвидат?
Постојат големи значајни предизвици со кои треба да се соочат маркетинг лидерите оваа година. Па затоа ви претставуваме краток увид во тие предизвици, со цел вашите стратегии за 2017 година да бидат подготвени за нивните барања
Предизвикот за талент
Во 2017 година, најмалку 30% од извршните директори ќе ги отпуштат своите CMO затоа што не успеале да ги совладаат вештините за трансформацијата кон дигитален бизнис модел. [Forrester, ‘Predictions 2017: The Post-Digital CMO Appears’, October, 2016].
Време е за отфрлање на старите практики на користење на социјалните медиуми ‘’во силоси’’, движење на стратегиите на фирмите околу ‘’генерацијата на корисници на социјални медиуми‘’ и купување на погрешни простори во медиумските канали и отфрлање на претпоставките дека знаете која е вашата целна публика.
Маркетинг лидерите ќе имаат потреба од различни сетови на вештини. Не е доволно да се ”тагирате” себе си со профил само на‘’креативен визионер’’ или пак ‘’аналитичката бубалица која знае се околу бројки’’. За да ‘’преживеете’’како донесувачи на одлуки потребно е да знаете да ги извршувате и двете улоги. Маркетинг тимовите мораат да бидат водени од страна на менаџери кои ќе имаат знаење и интереси за дигитален маркетинг, социјални медиуми и бизнис стратегии.
Без сомнеж, оваа потреба ќе се појави и во рамките на маркетинг тимовите.Оваа нова година, 64% од лицата кои донесуваат одлуки во однос на маркетингот во согласност со извештајот на Forrester потребно е да го стават својот приоритет на развојот и вработувањето на подобар талент
Работењето во ваков тип на индустрија која константно се менува може да доведе до дефицит на вештини кај вработените доколку лидерите не ги негуваат вештините на сегашните вработени. Лидерите кои креираат можности за тимовите во насока на адаптација и раст, ќе успеат во своите напори.
Предизвикот на врските
2017 ќе биде годината на дисрупциите базирани на врските. Брендовите во развој кои се фокусираат на бизнис модели каде во примарен план ставени се релационите модели пред најдобрите производи ќе претставуваат сериозен предизвик за веќе етаблираните компании кои не се насочуваат кон оваа насока. Unilever скоро плати $1bn за Dollar Shave Club, не затоа што нивните бричеви беа супериорен производ, туку затоа што потребен им беше влезот во нивната база на корисници. Оваа зделка е добар знак кој укажува дека вреди да се вложува во индивидуалецот кој е спремен да остане верен на брендот отколку брендовите да вложуваат за влез на пазарот на нов супериорен производ .
Брендовите потребно е индивидуалците да ги гледаат како крајна цел на секоја маркетинг функција, а социјалните медиуми потребно е да станат клучен играч во насока на исполнување на оваа цел. Обрнете внимание на податоците од социјалните медиуми.
Тие може да обезбедат клучеви за поефективен менаџмент на врските со крајните потрошувачи затоа што не само што обезбедуваат видливост во реално време како вашите клиенти гледаат на вас и што тие сакаат. Маркетинг лидерите потребно е да ги усогласат насоките на брендот во насока на емоциите на корисниците во секое време.Новата година значи и нови предизвици за брендовите и поголеми притисоци за исполнување на ветувањата не само зборување за нив.
Операционен предизвик
Ефективен сет на операции е потребен за да се успее во 2017 година. Со зголемување на приватноста на корисниците и блокирање на рекламите, се зголемува заканата за стигнување до таргетираната публиката, а со тоа и брендовите потребно е да имаат поголемо разбирање за тоа како да придонесат кон обезбедувањето на значајно искуство на модерниот купувач денес.
Оваа година нема да биде ‘’дарежлива’’ кон брендовите кои сакаат да одржуваат еднострана или пак пристап на генерална комуникација. Клиентите ќе го фокусираат своето внимание само на брендовите во чија интеракција ќе добијат емоционална врска и индивидуален пристап кон потребите и барањата.
Значајни, персонални интеракции потребно е да се одвиваат без разлика дали станува збор за веб страница или Facebook фан страна на брендот.
Со цел да го имплементираат ова ниво на персонализиран маркетинг, маркетинг лидерите потребно е да инвестираат во вистинскиот сет на операции а тоа вклучува и инвестирање во технолошки решенија.
Унифицираните платформи во овој дел имаат големо значење во насока на обезбедување на унифицирана врска помеѓу дигиталниот маркетинг, менаџментот на социјалните медиуми, рекламите .., зголемувајќи го фокусот на улогата на менаџерите на социјалните медиуми кои потребно е да го трасираат патот на модерните корисници.