Агенцијата Insider ID, која е специјализирана за квантитативни истражувања на пазарот и стратегиски маркетинг, во периодот од 15.09 до 01.10.2015 г. спроведе истражување за преференциите на потрошувачите за млеко и млечни производи во бурекџилници и млечни ресторани, со вкупен примерок од 588 лица во Регион Скопје.
Сегментот на бурекџилници и млечни ресторани е ретко е во фокус на производителите, но доколку се има во предвид дека во тие објекти секојдневно циркулираат голем број на потрошувачи, истиот може да биде локација за зголемување на свесноста за брендот и зголемување на целокупната продажба.
Статистичкиот примерок е направен со случаен избор во Скопскиот Регион. За анкетирање се вклучени две лица од Insider ID, со анкетни прашалници кои содржат 14 прашања.
Во продолжение ги презентираме резултатите од 3 прашања од вкупно 14-те зададени во анкетите, а за останатите резултати можете директно да се обратите во Insider ID.
Најголем процент од анкетираните лица во однос на прашањето “Кој бренд го преферирате најмногу (во млечни ресторани и буреџилници)?“ одговориле “Битолска Млекара”со 314 одговори или 32%, по нив се “Здравје Радово” со 14% и “Бучен Козјак” со 10,5% од вкупниот број на одговори.
“Квалитет” на производите е број 1 како предност на преферираниот бренд со вкупно 79% или 453 од вкупно добиените одговори на прашањето 569. На второ место е “Застапеност” со 10,5% и значајно помало учество за разлика од квалитетот.
Последното прашање “Дали ви пречи доколку го немате брендот кој го преферирате?” e со следните одговори.
Во однос на тоа дали им пречи на конзументите доколку нивниот преференциран бренд го има или нема во млечниот ресторан, одговорите се прилично изедначени. 52% или 268 одговори немаат проблем додека 48% или 243 имаат проблем во однос на застапеноста на преференцираниот бренд во млекарниците.
Целта на истражувањето е испитување на можноста за пласман на нов или модификација на постоечки производ, кој би ги задоволил дневните барања на потрошувачите. За компанијата која што би донела одлука за воведување на производите, истите треба да овозможат брза пенетрација и зафаќање на поголем пазарен удел, како и добивање на информации за што преферираат потрошувачите како карактеристики на производите.