По повод кинеската лунарна Нова Година и настапувањето на Годината на тигарот, брендот за безалкохолни пијалаци Coca-Cola објави прекрасна анимирана реклама за една фамилија тигри.
Спотот раскажува за враќањето дома на еден млад тигар, по повод празниците. Иницијално, постои тензија помеѓу младиот тигар и неговиот татко, но на крајот таа ќе биде надмината со помош на игра и едно обично шише Coca-Cola.
Анимираниот спот влече инспирација од традиционалниот кинески фолклор, илустрации и скулптура, доловувајќи ја важноста на семејството и традициите, при што истовремено се осврнува и врз наративот за генерациските поделби.
Рекламата е создадена од страна на креативецот Ивес Гелејн, во соработка со агенцијата Ogilvy Shanghai која ги испочара и останатите елементи на кампањата: out-of-home реклами, мобилна игра, е-трговска интеграција и специјална лимитирана серија на Coca-Cola во тематско пакување.