Популарниот бренд на чипс Pringles ја објави својата нова кампања насловена “Wonderfully Different” („Прекрасно различни“), а наменета за промоција на новите вкусови интегрален чипс со диетален карактер.
Во централниот спот на кампањата гледаме три пријатели кои седат на кауч и јадат интегрален чипс од Pringles. Едната пријателка коментира: „Тие се како обични Pringles, но различни“, на што другата пријателка му се обраќа на третиот пријател: „Баш како твојот хрчак“, на што овој третиот одговара: „Како тоа мислиш?“.
Потоа следува комплетно надреална сцена во која домашниот хрчак се издигнува на психоделична сцена во неговото живеалиште, почнува да свири на синтисајзер и да пее нешто на „хрчачки“. :) Кампањата, како хрчакот и чипсот, е „прекрасно различна“ и несомнено ќе го привлече вниманието на гледачите пред малите екрани. :)
Покрај спотот кој ќе се емитува на телевизија и на интернет, кампањата вклучува и принт реклами дизајнирани во стил на плакати за „електро журка“, секако со хрчакот во преден план.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Grey London.