Плазма оваа година ги израдува корисниците на Вибер со два сета на креативни и забавни Вибер стикери. Во април оваа година е претставен и вториот сет на Плазма Вибер стикери – Плазма Мини Мини стикери наменет за помладата популација.
Плазма Мини Мини вибер стикерите имаа прилика да ги превземат корисниците на дури четири пазари во регионот – Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Еден од најпосакуваните брендови во регионот стана еден од најуспешните брендови и на Вибер во Централна и Источна Европа – имено повеќе од милион корисници ги преземаа Плазма Мини Мини стикерите, а поединечни стикери се разменети неверојатни 17 милиони пати!
Забавниот тон на комуникација на овај бренд како и нешто помаладата целна група им овозможија на компанијата Bambi и маркетинг агенцијата Communis DDB да креираат стикери кои завземаат место во секојдневната комуникација меѓу корисниците. Преку оваа соработка исто така, се покажа дека внимателно осмислената порака за силен бренд со темелно познавање на платформите преку кои се пласира, дава најдобри резултати.
Александра Савиќ, Senior brand менаџер од компанијата Bambi за оваа прилика изјави дека Плазма е горда што уште еднаш ги израдува и изненади сите свои потрошувачи и што е на овај начин стана дел од нивните животи.
Плазма е воедно и прв прв бренд во Србија кој на Вибер лансира стикери на повеќе пазари во исто време во Централна и Источна Европа и со својот успех покажа дека за силен бренд, добар производ и тагетирана комуникација не постојат граници.