Дали имате премногу отворени табови во вашиот прелистувач? Вие не сте единствениот, но премногу отворени табови негативно влијаат на расположението, концентрацијата и продуктивноста
Пред две години, истражувањето на CNN покажа дека луѓето постари од 18 години во САД поминуваат речиси единаесет часа на ден на своите компјутери, телефони, таблети и други уреди, а денес тоа време веројатно е зголемено. На интернет сме преплавени со бројни корисни и помалку корисни информации – отвораме многу страници со интересни наслови кои ги наоѓаме на социјалните мрежи или сервиси, односно апликации за пребарување на вести, ги отвараме истовремено Фејсбук, Твитер, Инстаграм, YouTube, така што бројот на отворени табови во веб прелистувачот е често двоцифрен.
“Отворените табови се само одраз на нашите навики, начин на живот и интереси”, вели терапевтот Лорена Рамос и смета дека, иако отворањето на голем број на табови во рамките на прелистувачот може да се поврзе со поголема продуктивност, таквата презаситеност со информации, во комбинација со стравот на се` поголем број на луѓе дека ќе пропуштат нешто, доколку постојано не ги прегледуваат вестите и социјалните медиуми, лошо влијание врз расположението и може да доведе до ментална исцрпеност и замор.
Бројни отворени табови, комуникација преку електронска пошта и социјални мрежи, како и бројни отворени текстови кои ни се интересни (а често само “прелетуваме“ низ текстовите и не ги читаме до крај), премногу го стимулираат мозокот на луѓето, заради што тешко може да се процесуираат сите овие информации.
Иако пристапот до голема количина на информации, има позитивен ефект врз работата, проблемот е во тоа што луѓето на тој начин не можат целосно да се фокусираат само на една работа и мултитаскингот на компјутер може да предизвика замор и досада, како и намалување на продуктивноста. Рамос вели дека големиот број на отворени табови “создадаваат непотребно пречење при вршење на работата, со што се зголемува анксиозноста и стресот, особено во случај на кратки рокови кога проектите мора да се завршат брзо.”
Се разбира, покрај на работата и концентрацијата, премногу отворените табови, исто така, влијаат врз работата на компјутерот, т.е. го успорува, па доколку сакате што подобро да се посветите на работата, затворете ги непотребните табови и фокусирајте се само на тековно најважните задачи што ги имате, односно искористете го времето кое го поминуват на компјутер во најдобар можен начин.