Социјалната мрежа Twitter викендов соопшти дека ќе лансира ажурирана верзија на својата претплатничка услуга Twitter Blue.
Со претплатата кон оваа услуга, корисниците ќе можат да уредуваат твитови, да прикачуваат видеа во висока резолуција и да добијат „сина значка“ за верификација, но по претходна проверка на нивниот профил.
Претплатата ќе чини 8 долари месечно, но оваа цена нема важи за уредите со оперативен систем iOS, кои ќе треба да платат три долари повеќе.
Твитер не даде официјално објаснување зошто корисниците на Apple ќе плаќаат повеќе од другите, но тоа е веројатно поради дополнителниот надоместок од 30% кој Apple го наплаќа за сите апликации кои што се продаваат во App Store.
Сопственикот на Твитер, Елон Маск, минатиот месец го критикуваше Apple за „данокот“ од 30 проценти што компанијата им го наплаќа на девелоперите на софтвер во App Store.